-
Создадено: Сабота, 25 Септември 2021
Деканката на Филолошкиот факултет во Штип, проф. д-р Драгана Кузмановска, продеканката, доц. д-р Весна Коцева и доц. д-р Јована Караникиќ Јосимовска, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности, на 23 септември одржаа работна средба со амбасадорот на Република Италија во Скопје, Н.Е. г. Андреа Силвестри.
На средбата се дискутираше за активностите на професорите и студентите, за постојаната поддршка од Амбасадата на Република Италија, за можностите за стипендирање на идните студенти кои ќе се запишат на студиската програма по италијански јазик и книжевност, за поттикнување на иницијатива за воведување на италијанскиот јазик во основните и средните училишта во Штип.
Деканката му додели благодарница на амбасадорот од името на ректорот на Универзитетот „Гоце Делечв“ – Штип, за несебичната поддршка на сите активности кои ги организираат професорите и студентите од Катедрата за романски јазици и книжевности.