По повод големиот јубилеј, 100 години од раѓањето на великанот, Блаже Конески и 20 години од формирањето на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, во родната куќа на Конески се одржа свечен настан на кој беа промовирани три нови изданија на Фондацијата, а беа доделени и плакети на институции и поединци, кои дале свој придонес за одбележувањето на големиот јубилеј.

На 5 Мај 2021 год. Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, го организираше настанот „Ние за Конески“, со што даде свој придонес во одбележувањето на 2021 – „Година на Блаже Конески“. Денес во Небрегово, деканката, проф.д-р Драгана Кузмановска, го прими признанието што го доби Филолошкиот факулт за сите заложби во промоцијата на ликот и делото на Конески. Деканката подари персонализиран подарок со ликот на Блаже Конески, изработен од г. Ѓорги Џингов, што ќе ги краси просториите на спомен-домот „Блаже Конески“ во Небрегово.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.