-
Создадено: Петок, 27 Октомври 2017
Во организација на Катедрата за германски јазик на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија, д-р Валентина Илиева, одржа предавање на тема „Австрискиот национален празник“ по повод националниот празник на Австрија - 26 октомври.
Студентите, средношколците и наставниците по германски јазик го проследија предавањето со огромно внимание и воодушевување, а д-р Илиева на присутните им подари книги, списанија, проспекти и друг информативен материјал за Австрија и за австриската култура.