Над 70 учесника на вебинарот на тема КНИЖЕВНИОТ ПРЕВОД КАКО ВАША ИДНА ПРОФЕСИЈА во организација на Филолошкиот факултет.  

Како функционира спрегата писател-преведувач-издавач? Како да ја пронајдам својата идна професија? Како може да се заработува од книжевност? Како се стигнува до ангажман како книжевен преведувач?
Сите овие прашања беа одговорени на Вебинарот на тема ,,Книжевниот превод како моја идна професија".

Пред повеќе од 70 учесника на Вебинарот, одговорот го даде проф. д-р Игор Станојоски, од Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.

,,Сметавме дека вреди да се проговори на оваа тема, бидејќи преводот воопшто претставува професија што допрва треба да го добие своето вистинско место. Македонија има, навистина, големи преведувачи: Михајловски е преведувач од англиски јазик, Ширилов од француски, а Клетников од руски и многу други. Како што вели Михајловски, преводот не му прави ништо на оригиналот, зашто тој си стои суверено и е неменлив. Вашето преведувачко дело почнува да живее свој живот", истакна доц. д-р Ана Витанова-Рингачева, модератор на Вебинарот.

Вебинарот го отвори, поздравувајќи ги учесниците, проректорот за настава, проф. д-р Мишко Џидров.

На Вебинарот учество зедоа професорите и студентите од сите катедри, кои во изминативе неколку недели организираа работилници за книжевен превод, а резултатите и заклучоците од работилниците беа презентирани во вториот дел од Вебинарот. Во редот на учесниците се вбројуваат и: деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Драгана Кузмановска, продеканката, доц. д-р Весна Коцева, студенти и професори од сите катедри од Филолошкиот факултет, како и заинтересирани средношколци со своите ментори.

Свое излагање за веќе поставените дилеми имаше проф. д-р Игор Станојоски, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик и книжевност, македонски романописец, лингвист и преведувач. Автор на повеќе книги од областа на лингвистиката, како и на романите: ,,Гаргара" (2014), ,,Првиот универзитетски ден на мојата ќерка" (2016) и ,,Дисомнии" (2017). Игор Станојоски за романот „Дисомнии“ ја добива наградата „Рациново признание“ за 2018 год.

Вебинарот на тема ,,Книжевниот превод како моја идна професија" се реализираше во рамки на одбележувањето на 30 септември, Денот на литературните преведувачи.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.