-
Создадено: Сабота, 16 Октомври 2021
Меѓународниот ден на речниците (16 октомври), студентите од Катедрата за Англиски јазик и книжевност го одбележаа преку учество во неколку работилници.
Под менторство на професорката д-р Марија Крстева, студентите од втора година пишуваа кратки приказни употребувајќи 10 збора по случаен избор од речникот.
Под менторство на м-р Татјана Уланска, студените од прва година работеа активности со цел да се подигне свесноста за важноста на речниците и нивното користење. Посебно внимание се посвети на правилното користење на речниците и како да се направи точен избор на лексичка единица.
Под менторство на м-р Биљана Иванова, студентите од трета година правеа истражување за Webster, наоѓаа зборови кои не се од англиско потекло, а коишто се употребуваат во англискиот јазик, читаа непознати зборови и го бараа нивното значење во речникот и работеа вежби за создавање на зборови со суфикси.
Под менторство на м-р Ана Коцева, студентите се запознаа со значењето на националниот ден на речникот и преку интерактивна лекција воочија како функционира изработката на речници. Лекцијата беше проследена со краток квиз и дискусија на темата.
Под менторство на м-р Снежана Кирова, студентите од четврта година направија истражување за речникот Merriam-Webster и за новододадените зборови во речникот.