Оваа година на 18 и 19 октомври се одржа Шестата меѓународна конференција ФИЛКО - филологија, култура и образование, организирана од Филолошкиот факултет при Вороњешкиот државен универзитет од Вороњеж, Русија и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

На Конференцијата учествуваа над педесет излагачи, професори, научници и истражувачи од: Русија, Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Грузија и Австрија. Распоредени во два работни дена, учесниците презентираа реферати на актуелни теми, теми од областа на филологијата, образованието и културата, како и теми што се однесуваат на проблемите за учење на далечина. И покрај пандемијата и неможноста за организирање на Конференцијата со физичко присуство, сепак таа се одржа со посредство на онлајн-платформата ЗУМ.

Излагањата и трудовите на учесниците на Конференцијата ќе бидат објавени во електронски зборник.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.