На 30 ноември 2021 г. во организација на Филолошкиот факултет во Штип, на Мајкрософт Тимс се одржа вебинар на тема  „Twain and Wilde, parallel but diverse“.

На овој датум 1835 г. е роден Марк Твен, а во 1900 г. Оскар Вајлд умира. По тој повод вебинарот ги проследи животот и делата на двајцата автори, истакнувајќи го нивниот огромен придонес за англо-американската и светска култура и литература. Од една страна, виш лектор д-р Марија Крстева го претстави Марк Твен како татко на американската литература и автор на Големиот американски роман, неговиот неверојатен и неспоредлив животен пат пресликан преку неговите дела како своевидна енциклопедија за Америка. Истовремено, тој е и врвен мајстор на хуморот и сатирата, толку потребна како лек за секое општество. Од друга страна, доц. д-р Наталија Попзариева говореше за ликот, делата и уметничкиот придонес на Оскар Вајлд. Беше истакната неговата улога во формирањето на теоријата за естетика и уметност преку неговото ремек дело, ,,Сликата на Доријан Греј''.
На крајот на вебинарот студентите имаа можност практично да се запознаат и да ги анализираат безвременски цитати и размисли од двајцата автори. 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.