-
Создадено: Четврток, 16 Ноември 2017
Новиот директор на Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, проф. д-р Шемсетин Шеќер, и раководителот за наставни прашања, Фуат Коркмаз, беа во работна посета на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“.
На работната средба беа доц. д-р Драгана Кузмановска, декан на Филолошкиот факултет, проф. д-р Светлана Јакимовска, продекан за настава, проф. д-р Марија Леонтиќ, раководител на Катедрата за турски јазик и книжевност и проф. д-р Махмут Челик, професор на Катедрата за турски јазик и книжевност. На работната средба се разговараше за досегашната и иднината соработка на Институтот „Јунус Емре“ и Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“.
Деканката Драгана Кузмановска во знак на благодарност за досегашната соработка во името на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип му врачи благодарница на директорот на Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Шемсетин Шеќер, и им се заблагодари за досегашната соработка.