-
Создадено: Недела, 20 Март 2022
Катедрата за италијански јазик и книжевност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје, на 17 и 18 март 2022 година, организираше Обука за усовршување на професори по италијански јазик и литература.
Обуката ја водеше проф. Натале Фјорето, професор на Универзитетот за странци во Перуџа, кој со години предава италијански јазик како Ј2. Обуката се фокусираше врз две главни теми:
- Развивање на металингвистички знаења и вештини за оценување на студентите-идни наставници, и
- Употреба и изработка на материјали за настава на далечина и настава со физичко присуство.
Учесници беа универзитетски професори по италијански јазик и литература кои предаваат на универзитетите во Република Северна Македонија. Настанот го поздравија и директно се вклучија: амбасадорот на Република Италија г. Андреа Силвестри и проректорот на УГД проф. д-р Мишко Џидров.