-
Создадено: Петок, 25 Март 2022
Катедрата за италијански јазик и книжевност, со поддршка на Амбасадата на Р. Италија во Скопје, го одбележува Денот посветен на Данте Алегиери со читање на стиховите на Данте на осумте јазици коишто се изучуваат на Филолошкиот факултет: англиски, германски, италијански, македонски, руски, турски, француски и шпански.
Студентите под менторство на професорите по јазик и литература ги читаат познатите стихови од Пеколот, преземени од објавените преводи на странските јазици:
- на англиски јазик чита студентката Јована Ефтимова под менторство на проф. Марија Крстева;
- на италијански јазик читаат студентките Софија Иванова и Емилија Симеонова под менторство на проф. Јована Караниќиќ Јосимовска;
- на француски јазик чита студентката Марија Коцева под менторство на проф. Светлана Јакимовска;
- на македонски јазик чита студентката Маријана Николова под менторство на проф. Ана Витанова-Рингачева;
- на руски јазик чита студентот Борче Тренчов под менторство на проф. Костадин Голаков;
- на шпански јазик чита студентката Зорица Исирова под менторство на проф. Марија Тодорова;
- на германски јазик чита студентката Меги Димова под менторство на проф. Даринка Маролова;
- на турски јазик чита студентката Сандра Илиева под менторство на проф. Марија Леонтиќ.
Оваа активност ја организираа доц. д-р Јована Караниќиќ Јосимовска и проф. д-р Ева Ѓорѓиевска од Катедрата за италијански јазик и книжевност, а техничката поддршка е овозможена од Александар Максимов.