На ден 30.3.2022 г., се одржа вебинар на тема „Најчести морфолошки и синтаксички грешки во академско пишување“ организиран од страна на доц. д-р Сашка Јовановска и доц. д-р Натка Јанкова Алаѓозовска, од Катедрата за англиски јазик и книжевност.

На вебинарот беа образложени интересни детали поврзани со академското пишување и најчестите грешки кои студентите ги прават при пишувањето. Во настанот, исто така, беа вклучени студенти кои имаа задача да прочитаат неколку есеи и да ги пронајдат морфолошките и синтаксичките грешки во нив. По излагањето на професорите, студентите ги споделија своите презентации со објаснувања на пронајдените грешки.

Учесници во работилницата беа студенти од прва и трета година од Катедрата за англиски јазик и книжевност: Благој Стамболиев, Павлина Тренчовска, Анастасија Димитрова, Емилија Јованчева, Викторија Милорадова, Катерина Димкова, Леон Цуцковски, Сања Гоцева, Цветанка Јованова, Марија Ѓошева, Лила Кушевска, Лора Величкова и Горица Черкезова.

 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.