-
Создадено: Петок, 01 Април 2022
На 22.3.2022 г. се одржa вебинар на тема „Зборообразувачки модели: германско-македонски паралели“ во организација на Катедрата за германски јазик и книжевност и Катедрата за македонски јазик и книжевност.
Студентите имаа можност да ги следат излагањата на проф. д-р Даринка Маролова и проф. д-р Игор Станојоски, а потоа ги презентираа резултатите од работилниците кои беа составен дел од овој настан.
Презентацијата беше поткрепена со примери од германската новела „Смрт во Венеција“ од Томас Ман, како и од нејзиниот превод на македонски јазик, а на крај се дискутираше за некои терминолошки прашања.