-
Создадено: Вторник, 05 Април 2022
Меѓународниот ден на литературата за деца - повод за прекрасна дружба на македонистите со авторот за деца, м-р Трајче Кацаров.
Студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет, на 4 април 2022 година имаа можност да проследат предавање на темата „Литературата за деца – современа приказна“.
Современиот македонски автор за деца, м-р Трајче Кацаров даде свој осврт кон современите состојби во литературата за деца и млади. По предавањето, студентите развија богата дискусија и за неговото плодно творештво посветено и напишано за најмладите.
Под креативната и модераторска палка на проф. д-р Јованка Денкова, студентите интерактивно научија многу нови нешта и одблизу го почувствуваа магичниот свет во кој нѐ води литературата за деца.