Студентите од Катедрата за англиски јазик и книжевност, на 5 и 6 април 2022 година, имаа можност да ги следат предавањата на тема „Beau Brummell’s Dandy and the Notion of Masculinity” и „How to be a Gentleman? – from Medieval Knighthood to Samuel Smile’s Self-Help Prescription“ од проф. Анна Антонович од Универзитетот „John Paul II Catholic“ – Љублин, Полска.

Студентите имаа можност да се запознаат со влијанието на Бо Брамел врз перцепцијата на мажественото во облекувањето и однесувањето во англиското општество кон крајот на 18 и почетокот на 19 век. Професорката на интересн начин ја пренесе сликата за англисиот 'dandy' во културата и однесувањето на 21 век. Студентите имаа можност да дискутираат за појавата, развојот низ историјата и влијанието на Индустриската револуција и на науката врз идејата за „џентлмен“.

Професорката Анна Антонович беше гостин на Филолошкиот факултет во рамките на програмата Еразмус плус размена на наставнички кадар и оствари работна средба со деканката на Филолошкиот факултет проф. д-р Драгана Кузмановска, продеканката доц. д-р Весна Коцева, доц. д-р Наталија Поп Зариева и м-р Крсте Илиев. На средбата беа разменети искуства и идеи за заемна соработка и посета во рамки на програмата „Еразмус плус“.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.