-
Создадено: Недела, 17 Април 2022
Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип во соработка со Europe House, Струмица, на 14 април, организираа две работилници на тема: „Учењето странски јазици – влог во иднината“.
Во прекрасниот амбиент на Europe House Strumica матурантите од СОУ „Јане Сандански“ Струмица, под менторство на професорките Дафина Иванова Пандева и Катерина Панов-Кожаров, дебатираа за значењето на странските јазици и нивната улога во едукацијата на младите, како и за познавањето на македонскиот јазик - основа за изучувањето на останатите јазици.
Работилниците ги водеа: проф. д-р Драгана Кузмановска, декан на Филолошкиот факултет, доц. д-р Весна Коцева, продекан и доц.д-р Ана Витанова-Рингачева, раководител на Катедрата за македонски јазик и книжевност.