-
Создадено: Недела, 17 Април 2022
Студентите од Катедрата за италијански јазик и книжевност, наставниците и деканката на Филолошкиот факултет проф. д-р Драгана Кузмановска, на покана на Амбасадата на Италија, на 13 април 2022 г., се запознаа со претседателот на Долниот дом на италијанскиот парламент.
Почитуваниот претседател, Роберто Фико, изразил желба да се сретне со ученици и студенти кои го изучуваат италијанскиот јазик и италијанската култура. Тој разговараше со младите италијанисти, им откри интересни занимливости од неговиот личен и професионален живот и им упати силна мотивирачка порака.