Традиционално, добрите релации на Филолошкиот факултет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, на 10 мај 2022 г. беа продлабочени и зацврстени.

Професорите и вработените во Институтот беа во работна посета на Филолошкиот факултет, каде топло добредојде им посака ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев и проректорот проф. д-р Дејан Мираковски.

Во склоп на средбата, деканката на Филолошкиот факултет, проф.д-р Драгана Кузмановска и директорката на Институтот, д-р Елена Јованова-Грујовска, потпишаа договор за научно-образовна соработка меѓу двете институции.

По средбата, гостите одблизу го запознаа богатото културно-историско наследство на градот Штип и околината.


Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.