-
Создадено: Среда, 11 Мај 2022
На 5 мај 2022 г. на Катедрата за турски јазик и книжевност се одржа предавање на тема „Современата турска литература во Македонија, списанието „Сеслер” и Орхан Вели”.
Доц. д-р Мурат Јусуф Онем од Р. Турција зборуваше за развојот на турската книжевност во Македонија, за основачите и претставниците чиишто творечки опус дал голем придонес за забележителен подем во развојот на турската книжевност на нашите простори. Како конкретен пример беше посочено општествено-литературното списание „Сеслер” кое е најзначајно за развојот на турската книжевност во Македонија. Во редакцијата и уредничкиот одбор на списанието се запишуваат имињата на повеќе турски писатели и поети. Македонските читатели ја прифаќаат и со задоволство ја негуваат турската литература.