Групата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип со пригодна програма го одбележа 21 декември – Ден на образование на турски јазик во Македонија.

21 декември 1944 година се смета за датум кога Турците се стекнаа со право за образование на турски јазик во Македонија. Овој празник во Македонија се празнува од 2007 година, а Групата за турски јазик и книжевност со различни активности редовно го одбележува овој празник.

  Оваа година Групата за турски јазик и книжевност овој празник го прослави со студентите од Групата, студентите од Република Турција, колегите од Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“, колегите од Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и колегите турколози од Меѓународниот Балкански Универзитет бидејќи празниците кога заедно се прославуваат среќата и радоста се зголемува.

 На почетокот на програмата се даде краток историјат на празникот, а потоа студентите од Групата за турски јазик и книжевност рецитираа поезија од турските поети Неџип Фаз’л К’саќурек, Сезаи Каракоч и Џахит С’тк’ Таранџ’ , пееја модерни и народни турски песни и приредија традиционална претстава со куклите Караѓоз и Хаџиват. На крај прославата се заокружи со пишување афоризми за турскиот јазик кои на 21 декември-Ден на образование на турски јазик во Македонија ќе бидат споделени на социјалните мрежи.

Учесниците во програмата беа наградени со книги на турски јазик и седумјазичното меѓународно списание на Филолошкиот факултет „Палимпсест“.

 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.