-
Создадено: Четврток, 09 Март 2023
Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организираше предавање за почетоците на кинематографијата со наслов „What we are talking about when we talk about cinema“.Гостин предавач беше проф. Марко Пешетели, аташе за култура при Амбасадата на Република Италија и доктор на науки од областа на кинематографијата. Во рамките на настанот беше доставена и донација на книги која Амбасадата на Република Италија ја доделува за потребите на студентите на Студиската група за италијански јазик и книжевност.
Во оваа пригода на проф. Пешетели му беше доделена Благодарница од страна на Филолошкиот факултет за безрезервната поддршка на сите активности организирани од Катедрата за италијански јазик и книжевност.
Предавањето побуди голем интерес кај наставниците и студентите од Филолошки факултет и Факултет за образовни науки.