-
Создадено: Среда, 26 Април 2023
Доц. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска оствари студиска посета на Универзитетот во Перуџа (Италија) од 17 до 21 април 2023 година во рамките на Еразмус + програмата за мобилност на наставен кадар.
Во соработка со проф. Енрико Каниља од Универзитетот во Перуџа, доц. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска имаше можност да им одржи настава на италијанските студенти во врска со категориите на припадност во италијанската книжевност на мигрантите. Покрај тоа, професорката оствари средба и со долгогодишната соработничка на Филолошкиот факултет при УГД, проф. д-р Габриела Клајн од Универзитетот во Перуџа.