Филолошки факултет на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип со дводневна конференција одбележува 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

  • Јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов го одбележуваме со една ваква конференција која собра многу учесници не само од Македонија туку и пошироко. Така, на пленарната сесија ќе биде вклучена професорката Сибел Амфорестер, одличен познавач на творештвото на Ацо Шопов, а по неа професорката Кристина Крамер, канадска македонистка, која исто така се занимава со поезијата на Ацо Шопов. Од Македонија имаме учесници од речиси сите институции кои се релевантни во оваа област. Од Институтот за македонски јазик е професорката Елка Јачева-Улчар, а имаме и учесници од филолошките факултети од другите универзитети. Покриен е добар дел од севкупната творечка актива на Ацо Шопов. Интересно е тоа што многу се пишува за препевите на Ацо Шопов – на ова конференција имаме препеви на германски, турски, француски и англиски јазик – рече деканката на Филолошкиот факултет на УГД, проф. д-р Луси Караниколов- Чочоровска.

                На новинарско прашање, деканката Луси Караниколова-Чочоровска говореше и за можноста Филолошки факултет на УГД да го носи името Ацо Шопов. И таа, како и ректорот проф. д-р Дејан Мираковски истакнаа дека тоа е убава иницијатива. Прашањето дали ќе се оствари зависи од евентуалните правни пречки, поради тоа што УГД е интегриран универзитет и една таква постапка може да се соочи со правни пречки.

                Во врска со бројот на студенти кои студираат на Филолошки факултет, посебно на насоките Македонски јазик и литература, деканката Караниколова-Чочоровска истакна дека на Филолошки факултет на УГД не се забележува значајно намалување, поради тоа што се стипендираат и стимулираат младите да студираат.

  • На УГД досега сме задоволни, Катедрата за македонски јазик и книжевност ги ослободува студентите во прва година од плаќање партиципација, така што, откако го започнавме овој тренд, може да кажеме дека сепак имаме студенти, дури и во ова време кога има глобално иселување на наши млади деца надвор од Македонија – истакна деканката на Филолошки факултет.                                                                                                    

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.