(Видео) Професорка од Полска, познавач на македонскиот и балканскиот фолклор, одржа предавање на УГД
-
Создадено: Понеделник, 05 Јуни 2023
Јоанна Ренкас од Универзитетот „Адам Мицкијевич" од Познањ, Полска, одржа предавање пред студентите од Филолошки факултет на УГД. Предавањето беше на тема „Folk-Lore или фолклор. Пандорината кутија на фолклористиката".
Професорката е голем познавач на јужнословенскиот фолклор, а со тоа и на македонскиот фолклор, јазик и култура.
На професорката Јоанна прв интерес и бил српскиот и хрватскиот фолклор, но штом го запознала македонскиот, вели дека веднаш ѝ побудил голем интерес.