-
Создадено: Вторник, 17 Октомври 2023
По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот, Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организира гостинско предавање - Lectio magistralis со наслов „Одржливоста како тема во делата“ на Итало Калвино.
Гостин-предавач е проф. Рино Капуто од Универзитетот „ Тор Вергата “ во Рим, Италија.
Настанот ќе се одржи на ден 18.10.2023 г. (среда) во 11:30 ч. во Тренинг центарот на УГД. Настанот е во знакот на одбележување на 100 години од раѓањето на италијанскиот писател Итало Калвино.