Како резултат на Меморандумот за соработка меѓу Филолошки факултет при УГД и Асоцијацијата на претпријатија „Конфидустрија“, студентите од овој факултет, а и од другите во рамките на УГД, ќе можат да одат на практична настава во Италија.

Предмет на нашиот Меморандум е склучување на можности за пракса на студентите италијанисти. Филолошкиот факултет ја вклучува праксата во образовниот процес, но нашите договори претежно беа соработка со училишта. Ова е нова иницијатива, да бидат вклучени нашите студенти во меѓународните компании“, изјави продеканката на Филолошки факултет, проф. д-р Ева Ѓорѓиевска.

Договорот беше потпишан вчера, но сѐ уште не е објавено од кога ќе можат студентите на УГД да заминат на практична настава во компаниите во Италија.

Ние нудиме можности за пракса, стажирање на студенти, но и размена на студенти меѓу Италија и Македонија. ‛Конфидустрија‛ во Северна Македонија е дел од групацијата на ‛Конфидустрија‛ Источна Европа, која вклучува 11 претставништва, а во рамките на групацијата има околу 150 илјади италијански претпријатија“, изјави Рикардо Рајноне од „Конфидустрија“.

Покрај можноста што ќе ја имаат студентите, овој Меморандум ќе овозможи и заеднички проекти на УГД со италијански универзитети, со оглед на тоа што во рамките на „Конфидустрија“ има неколку универзитети. 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.