На 19 декември 2023 година Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ прослави 15 години од основањето на Групата за турски јазик и книжевност и Ден на образование на турски јазик во Македонија.

Прославата ја отворија ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, и деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска. Раководителот на Групата за турски јазик и книжевност, проф. д-р Махмут Челик, ја раскажа историјата на Денот на образование на турски јазик во Македонија и неговото значење.    

Програмата беше богата со поезија, музика и слики. Оваа година славиме 140 години од раѓањето на турскиот поет Енис Бехич Корјурек. Поетот и неговата поезија ги претстави м-р Ивана Котева. Во 2023 година славиме 120 години од раѓањето на турскиот поет Ерџумент Бехзат Лав. Поетот го претстави д-р Дујгу Чагма, а неговата поезија ја читаше студентката Јована Митровска. Оваа година славиме 110 години од раѓањето на Бедри Рахми Ејубоглу. Поетот и неговата поезија ги претставија студентките Мине Зурапова и Есра Алиова. Оваа година славиме и 100 години од раѓањето на турскиот поет Оздемир Асаф. Студентката Ана Стоилова го претстави поетот и прочита негова поезија. Оваа година се одбележуваат 60 години од смртта на турскиот поет Назим Хикмет. Ахмет Сефа Ѓунер, студент од Турција на УГД, го претстави поетот и изрецитира една песна од него.  

Јарен Калкан, студентка од Турција која студира на Групата за виолина на Музичката академија при УГД, свиреше на виолина, а Дуру Туршуџу, студентка од Турција на УГД, испеа песна од познатата турска пејачка Ниљуфер.

Проф. д-р Марија Леонтиќ ја раскажа историјата на Групата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ и ја спомна проф. д-р Виолета Димова, основач на Групата, како и сите наставници кои работеа во Групата. Благодарници им се доделија на наставниците кои дадоа свој придонес во развојот на Групата за турски јазик и книжевност: проф. д-р Драги Ѓорѓиев, проф. д-р Октај Ахмед, проф. д-р Фадил Хоџа, проф. д-р Актан Аго, проф. д-р Нуман Аруч, доц. д-р Рефиде Шаини и д-р Дујгу Чагма. Факултетот подготви благодарница и за проф. д-р Севин Алил, која даде свој придонес во развојот на Групата од почеток. Бидејќи професорката се наоѓа во странство благодарницата не можевме да ѝ ја доделиме лично на прославата.

Оваа година, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и во соработка со УНЕСКО, Македонија слави 100 години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов. И Универзитетот и нашата Група се вклучи во оваа прослава. Назли Бирај Олџај, студентка од Турција на УГД, прочита песна на македонски од Ацо Шопов и нејзин препев на неговата поезија.

На крајот од програмата, учесниците и гостите напишаа афоризам под наслов „Ја сакам Турција затоа што...“. Афоризмите ќе се објават на Фејсбук (ugd turkce) и на Инстаграм страницата на Групата (ugd turkish).

Живко Поповски-Цветин во текот на прославата сликаше своите слики кои им ги подари на гостите, на учесниците и на професорите кои добија благодарници, а Групата им подари по еден примерок од меѓународното списание „ПАЛИМПСЕСТ“ на Филолошкиот факултет на учесниците, на професорите кои добија благодарници и на гостите.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.