-
Создадено: Понеделник, 18 Март 2024
Во текот на минатиот семестар, доц. д-р Марија Крстева оствари постдокторски истражувачки престој на Универзитетот во Жешов во Полска.
Во текот на престојот доц. д-р Крстева успеа да изврши значајно квалитативно и квантитативно истражување од областа на усвојувањето на јазикот и културата, телевизијата и медиумите, работејќи со студенти од Полска и од Македонија. Тоа претставува единствено такво истражување во рамките на Европа и пошироко, отвора нови идеи и задачи, како и практична примена на резултатите и заклучоците. Се очекува наскоро овој меѓународен труд да биде објавен и презентиран на двата факултета како публикација.