Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организира гостинско предавање со наслов „Преведување на културоспецифични елементи врз примери на книжевни преводи од италијански на македонски јазик и обратно“.

Воедно, ќе бидат претставени и резултатите од проектот за изработка на онлајн курсеви (MOOC) и отворени едукативни ресурси (OER) за изучување на италијанскиот и португалскиот јазик LMOOC4Slav. Гостин-предавач е проф. д-р Радица Никодиновска од Филолошки факултет „Блаже Конески“ - УКИМ. 

За време на настанот на проф. д-р Радица Никодиновска ќе ѝ биде врачена Благодарница од страна на Филолошкиот факултет за безрезервна поддршка при основањето на студиските програми на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, со посебен придонес кон Групата за италијански јазик и книжевност.

Настанот ќе се одржи на 20 мај 2024 г. (понеделник) во 11 часот. 

Предавањето ќе се изведе на македонски јазик. 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.