Оваа година се навршуваат 15 години од студиската Група за италијански јазик и книжевност.

Една од активностите во рамките на одбележувањето се и низа гостински предавања и врачување благодарници на оние кои сите овие години го поддржаа развојот на оваа студиска програма во рамките на Филолошкиот факултет на УГД. За време на денешниот настан на професорката проф. Радица Никодиновска ѝ беше врачена Благодарница од страна на Филолошкиот факултет за безрезервна поддршка при основањето на студиските програми на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, со посебен придонес за Групата за италијански јазик и книжевност.

- Во оваа пригода сметавме дека е најпогоден момент да се навратиме на почетоците и на симболичен начин да го заокружиме семестарот и овие 15 години. Да се заблагодариме на втемелувачите на оваа наша работа, а тоа е професорката Радица Никодиновска. Професорката учествуваше не само на почетоците, туку на целиот пат на развојот на оваа студиска група - изјави проф. д-р Јована Караниќиќ од Филолошкиот факултет.

Професорката Радица Никодиновска воедно одржа и предавање на тема „Преведување на културоспецифични елементи врз примери на книжевни преводи од италијански на македонски јазик и обратно“. Воедно, проф. Никодиновска денес направи и донација на Филолошкиот факултет од 15 наслови, преводи на книги од италијански јазик. Со ова се збогатува и библиотечниот фонд на Филолошкиот факултет.

- Кога ми се обратија за помош при формирање на Студиската група по италијански јазик, во рамките на Катедрата по романистика, го прифатив тоа со огромно задоволство. Пред сѐ, затоа што сметам дека никаде не треба да владее монопол и здравата конкуренција носи многу позитивни резултати. Мило ми е што Филолошкиот факултет се сетил на мене, бидејќи носам секогаш позитивни искуства од овој факултет. Многу сум среќна што Факултетот и студиската група се во постојан подем - изјави проф. Радица Никодиновска.

На настанот, пред студентите и присутните професори беа презентирани и резултатите од Проектот за изработка на онлајн курсеви (MOOC) и Отворени едукативни ресурси (OER) за изучување на италијанскиот и португалскиот јазик LMOOC4Slav.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.