По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот  Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организира гостинско предавање со наслов „Поезијата на XX век меѓу симболи и материја“ („La poesia del Novecento tra simboli e materia“).

Гостин-предавач е г. Марио де Роза, заменик-амбасадор на Република Италија во Скопје.

Настанот ќе се одржи на ден 15.10.2023 г. (вторник) во 11 часот, во Тренинг центарот на УГД. Тема на годинешната Недела на италијанскиот јазик во светот е „Италијанскиот јазик и книгите: светот меѓу редови“. Оваа тема има за цел да овозможи истражување на врската помеѓу јазикот и литературата во современиот свет, истовремено засилувајќи ја улогата на книгата како средство на италијанското културно, вредносно и идентитетско наследство. Покрај оваа активност, Филолошкиот факултет ќе организира уште едно предавање наредната недела, на 21.10.2024 год.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.