Професорките Ева Ѓорѓиевска и Јована Караникиќ-Јосимовска од Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет вчера, 22 октомври 2024 г., одржаа предавање на тема „Светот е книга – италијанските писатели и научници и новата визија на светот во ерата на барокот, просветителството и неокласицизмот“. 

Професорката Ева Ѓорѓиевска зборуваше за делата на Томазо Кампанела и Џамбатиста Вико, со акцент на елементот на утопијата и цикличноста на историјата кај овие автори, додека проф. Караникиќ-Јосимовска се осврна на делата и стилот на Џордано Бруно и Галилео Галилеј, со кој ги претставувале своите револуционерни идеи и откритија. Целта на предавањето беше да се претстави овој помалку познат период од италијанската култура и цивилизациските придобивки од делата на италијанските научници и писатели од овој период. По предавањето следеше дискусија со присутните студенти и професори од катедрите за македонистика, англистика, италијанистика и германистика при Филолошкиот факултет.

Насловот на предавањето е цитат од воведен стих токму на Томазо Кампанела и симболично се поклопува и со темата на годинешната Недела на италијанскиот јазик  „Италијанскиот јазик и книгите: светот меѓу редови“. Оваа тема има за цел да овозможи истражување на врската помеѓу јазикот и литературата во современиот свет, истовремено засилувајќи ја улогата на книгата како средство на италијанското културно, вредносно и идентитетско наследство. За време на предавањето беше промовирано и дигитално учебно помагало од областа на италијанската книжевност на барокот, просветителството и неокласицизмот. 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.