-
Создадено: Четврток, 24 Октомври 2024
📚 Средновековната македонска книжевност, старата ракописна традиција и орнаментиката, а во корелација со #кирилометодиевското дело, се само дел од темите на кои се дискутираше во рамки на работната посета во НУУБ „Гоце Делчев“ - Штип што ја остварија студентите од прва година на Катедрата за #македонски јазик и книжевност при #УГД - Штип.
📚 Работната посета се реализираше за време на едно од воведните предавања по предметот #Средновековна книжевност, при што студентите имаа можност да стекнат нови знаења за начините на детекција, колекционирање и афирмација на старопечатените книги и ретките збирки што се чуваат во Штипската библиотека.
Библиотекарите и предметната професорка направија и панорамски преглед на начините за каталогизација на публикациите, почнувајќи од библиотечните правила за креирање на каталожно картонче, па сè до можноста за активно користење на платформата „cobiss“.
👉 Активноста се реализираше под менторство на проф. д-р Милена Ристова-Михајловска, во соработка со библиотекарите Соња Манева и Зоран Мијалков, а со поддршка на деканката на Филолошкиот факултет во Штип, проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска, и директорот на НУУБ „Гоце Делчев" - Штип, Тамер Јамаковски.
Ова е уште една заедничка активност на Филолошкиот факултет при УГД - Штип и НУУБ „Гоце Делчев“ - Штип со цел продлабочување на долгогодишната соработка меѓу двете установи, но и можност за студентите да ја поврзат теоријата со пракса.