Со гостински предавања и работилница, денес Филолошкиот факултет ја одбележа 100-годишнината од смртта на популарниот Франц Кафка.

 

- Денес Филолошкиот факултет е домаќин на две гостински предавања. По повод 100-годишнината од смртта на Франц Кафка, како гости ги имаме проф. д-р Зорица Николовска и проф. д-р Маријана Ѓорѓиева од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Тие ќе одржат предавање и кратка работилница со нашите студенти со студентите од Филолошкиот факултет - изјави проф. д-р Билјана Ивановска од Филолошкиот факултет при УГД.

 

Професорките од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје пред студентите зборуваа за актуелноста на Кафка денес и за тоа како темите на Кафка сѐ уште се исклучително популарни и денес.

 

- Дојдовме да го одбележиме јубилејот, 100-годишнина од смртта на Франц Кафка. Станува збор за автор кој денес е феномен на поп-културата, кој е познат насекаде во светот. Ако одите во Прага, каде што тој е роден, ќе видите дека оваа година сѐ е во знакот на Франц Кафка. Ќе зборуваме за актуелноста на Кафка денес, што е тоа што го прави Кафка толку популарен и зошто тоа што тој обработува во своите дела е многу актуелно - изјави проф. д-р Зорица Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

На предавањата и работилниците присуствуваа студенти од Филолошкиот факултет при УГД, а посебно беа поканети да присуствуваат студентите од Катедрата за германски јазик и книжевност.

 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.