-
Создадено: Петок, 22 Декември 2017
Неколкумина професори од Филолошкиот факултет при УГД-Штип учествуваа на петнаесеттата Меѓународна конференција „KNOWLEDGE IN PRACTICE“ во Банско, Р. Бугарија.
Тие таму се претставија со свои научни трудови кои претставуваат резултати од своите проекти насловни како „Дополнителната настава во функција на подобрување на знаењата на студентите на Филолошкиот факултет “ и „Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик“.
Деканката доц. д-р Драгана Кузмановска беше модератор на сесија каде што беа претставени трудови од областа јазик и образование, многу интересни научни достигнувања кои предизвикаа многу прашања од кои се разви дискусија која траеше и повеќе од предвиденото време.
„Ваквите научни средби се значајни за развојот на секој научник и во иднина, како и до сега, ќе бидат поддржувани од нашиот факултет“, изјави деканката доц. д-р Драгана Кузмановска.
„Благодарение на научноистражувачкиот фонд на УГД - Штип произлегоа овие два проекта кои ќе поттикнат и други истражувачи да продолжат да нуркаат подлабоко во научните води“, се согласија раководителите на овие проекти проф. д-р Билјана Ивановска и проф. д-р Нина Даскаловска.
„Науката е само една капка во морето и ние без разлика на возраста продолжуваме да твориме, да создаваме за да го збогатиме научното и културното богатство на нашите идни поколенија“, рече проф. д-р Виолета Димова.