
-
Создадено: Вторник, 22 Април 2025
На 16 април 2025 г. во рамки на Еразмус+ размена на наставнички кадар, студентите од Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет при УГД - Штип имаа можност да присуствуваат на две интерактивни гостински предавања одржани од проф. д-р Даница Јеротијевиќ-Тишма.
Професорката е експерт од областа на фонетика и фонологија на англискиот јазик и предава на Филолошко-уметничкиот факултет при Универзитетот Крагуевац на Катедрата за англиски јазик и книжевност.
Првото предавање се состоеше од интерактивни вежби за изговор, а второто предавање даде осврт на улогата на фонологијата при изучувањето на англискиот јазик како интернационален јазик, повторно преку интерактивни активности во кои студентите активно учествуваа. На крајот од двете предавања беа дискутирани совети за подобрување на изговорот преку слушање, вежбање и користење интересни алатки.