Претставници од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествуваа како дел од жири-комисиите на натпреварот „Образовно рандеву“, кој се одржа на 24 април 2025 година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци.

Натпреварот е во организација на МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта на Македонија) и е наменет за учениците од средните стручни училишта од целата држава. Во рамките на настанот, учесниците се натпреваруваа во различни категории, меѓу кои и симулации на интервјуа за работа на македонски и англиски јазик.

Членови на жири-комисиите за оваа категорија беа претставници од катедрите за македонски јазик и англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет: доц. д-р Марија Гркова-Беадер, проф. д-р Натка Јанкова-Алаѓозовска, лаборантот Павел Ѓоргиев и демонстраторот Анастасија Анастасова.

Тие имаа можност да ги слушнат креативните и добро подготвени настапи на учениците, кои преку симулирани интервјуа за работа презентираа свои замислени биографии, мотивации и вештини за различни работни позиции. По внимателна евалуација, жири-комисиите ги избраа најдобрите кандидати во секоја категорија, препознавајќи го нивниот труд, комуникациски способности и креативност.

Учеството на претставниците од Филолошкиот факултет во вакви настани претставува уште еден пример за вклученоста на факултетот во поддршката на младински образовни иницијативи и унапредувањето на јазичните и комуникациските вештини кај средношколците.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.