Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, заедно со проректорката проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска и професори од Филолошкиот факултет, имаа средба со амбасадорот на Република Италија во Македонија, н.е. Паоло Палминтери.

Оваа средба, според проф. д-р Јована Караникиќ од Катедрата за италијански јазик и книжевност,  е потврда за извонредната соработка којашто се негува со години.

-  Оваа средба е во знак на континуираната соработка со Амбасадата на Република Италија и Катедрата за романски јазици и книжевности, посебно студиската група Италијански јазик и книжевност. Ни беше доделена донација на книги, наставен материјал од сите области што се изучуваат на Катедрата, за што сме им многу благодарни. Оваа пригода ја искористивме и за средба со претставничка од Секторот за образование на Општина Штип, за разговор на тема воведување на италијанскиот јазик во средните и во основните училишта во Штип и актуелната состојба со интересот за италијанскиот јазик. Забележавме дека интересот е голем, исто како и претходните години, и се надеваме дека овој пат оваа иницијатива ќе успее и дека во Штип ќе се изучува италијанскиот јазик на повеќе нивоа.

Според доц. д-р Јована Караникиќ, ова е континуитет на добрата соработка што ја има УГД со Амбасадата на Република Италија.

- Амбасадата на Италија редовно ги поддржува нашите активности, инаку ова е прва средба со новиот амбасадор Паоло Палминтери. Во последниот период имавме и курсеви за италијански јазик за универзитетски професори, а Амбасадата редовно доделува и стипендии за студентите на насоката Италијански јазик и книжевност. Наши студенти веќе неколку години имаат можност да изучуваат италијански јазик на универзитетите во Перуџа и во Сиена. Се надеваме дека на овој начин целото италијанско културно богатство ќе допре поблиску до заедницата во Штип.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.