-
Создадено: Среда, 31 Јануари 2018
Проф. д-р Нина Даскаловска беше поканета да даде свој придонес во создавањето на енциклопедијата за изучување на англискиот јазик The TESOL Encyclopedia of English Language Teaching во издание на издавачката куќа Wiley во САД.
Енциклопедијата се состои од осум тома со 750 прилози од водечки научници и професори од целиот свет, изработена под раководство на меѓународен тим на уредници и претставува единствена енциклопедија со таков обем што ќе претставува важна референтна литература во областа на изучувањето на англискиот јазик. Енциклопедијата е поделена на 14 теми и секоја од нив содржи голем број прилози кои ја обработуваат темата од различни аспекти.
Прилогот на проф. д-р Нина Даскаловска со наслов „Historical Perspectives on Teaching Speaking” е дел од темата посветена на развивањето на вештините на зборување.
Учеството на професор од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во создавањето на ова вредно дело претставува голема чест за Универзитетот, потврда за залагањето на наставничкиот кадар да бидат дел од научните текови во светот и поттик за понатамошно работење и творење заради лична афирмација, но и афирмација на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во светски рамки.
http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1002/9781118784235.eelt0710/abstract