Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип на 2.10.2025 година ги пречека новите студенти и го означи официјалниот почеток на академската 2025/2026 година.

Деканката проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска им посака топло добредојде на студентите и одржа инспиративен говор за значењето на ова поглавје од нивниот академски живот, како и за важноста на образовниот процес во целина.

Продеканката проф. д-р Ева Ѓорѓиевска ја презентираше организацијата на наставниот процес на факултетот и ја образложи структурата на новите студиски програми од 2025/2026 г. Потоа ги информираше студентите за дигиталните предности што ги нуди Универзитетот (е-индекс, е-библиотека, е-учење) и можностите за меѓународно студирање преку размена (Erasmus+, ACE2).

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.