-
Создадено: Понеделник, 27 Октомври 2025
Катедрата за германски јазик и книжевност организираше Работилница под наслов „Феноменот на учтивост и прагматиката“ во рамките на проектот „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата – од научни концепти до практична реализација“.
На Работилницата присуствуваа студенти на германистика од прв и втор циклус студии. Се разгледаа и објаснија интересни концепти од областа на интеркултурната прагматика, како и современите методи и пристапи во анализа на одредени прагматички феномени.
Работилницата ја водеа проф. д-р Билјана Ивановска (УГД-Штип) и проф. д-р Гзим Џафери (УЈИЕ-Тетово). Работилницата беше успешно реализирана и предизвика голем интерес и интересна дискусија кај учесниците.



