-
Создадено: Среда, 29 Октомври 2025
Во рамките на научноистражувачкиот проект „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата – од научни концепти до практична реализација“, на Филолошкиот факултет беше реализирана Работилница на тема „Развивање на јазичните компетенции во прагматиката“.
Интерактивната работилница ја организираа и реализираа доц. д-р Сашка Јовановска и доц. д-р Ана Коцева, а беше наменета за студентите на прв циклус студии на студиската програма Англиски јазик и книжевност.
Работилницата беше осмислена со високо ниво на интеракција и практична ангажираност, при што студентите имаа можност да дискутираат, решаваат комуникативни ситуации и применуваат прагматички стратегии во реални контексти на употреба на јазикот. Активното учество придонесе за продлабочување на нивното разбирање на контекстуалните аспекти на значењето и за развивање на критичка свест за улогата на културните и социјалните фактори во комуникацијата.
