-
Создадено: Понеделник, 03 Ноември 2025

Проф. д-р Билјана Ивановска од Катедрата по германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип учествуваше на 7. Меѓународен симпозиум „Deutsch lehren und lernen international – dynamische Perspektiven & aktuelle Entwicklungen“ (Предавање и изучување германски јазик на меѓународно ниво – динамични перспективи и современи развои), каде што презентираше свој труд со наслов „Lernmotivation im fremdsprachlichen Kontext: Beweggründe Studierender in Nordmazedonien für die Erlernung der deutschen Sprache“ (Мотивација за изучување странски јазик: Фактори за изучување на германскиот јазик кај студентите во Северна Македонија), што се одржа во Зарбрикен, СР Германија, во октомври 2025 г.

Целта на овој Симпозиум беше пренесување на искуствата за германскиот јазик како странски или втор јазик во меѓународен контекст: презентирање на емпириски студии, дидактички модели, образовно-политички анализи и извештаи од меѓународно искуството. На Симпозиумот имаше претставници и експерти од САД, Белгија, Мадагаскар, Турција, Јужна Кореја, Јордан и Индија и посетата беше искористена за продлабочување и проширување на контактите со колегите од целиот свет.
