-
Создадено: Четврток, 11 Декември 2025
По повод Празникот на образованието на турски јазик во Република Македонија, на Катедрата за туркологија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип беше одржана значајна програма со учество на г. Рашит Пертев, културен деец и писател.
Свеченото отворање на програмата го изврши деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска, додека поздравни обраќања одржаа проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дарко Лазаров, и образовниот советник при Амбасадата на Република Турција, г. Алириза Алтунел.
На настанот присуствуваа и советниците за безбедност при Република Турција, поранешниот министер и пратеник во македонското Собрание проф. д-р Аднан Кахил, раководителот на Катедрата за турски јазик и литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Осман Емин, со наставничкиот кадар, раководителот на Катедрата за ориенталистика при Државниот универзитет во Тетово проф. д-р Сулејман Баки и проф. д-р Елјеса Исмаили од Катедрата за турски јазик при Педагошкиот факултет во Скопје проф. д-р Хулија Давут Скука, од Македонскиот институт за фолклор проф. д-р Актан Аго, генералниот директор на училиштата „Маариф“ г. Осман Демиргул, како и бројни академски работници и студенти од Турција и Северна Македонија.
Настанот, одржан во организација на Катедрата за туркологија во Штип се одвиваше во исклучително квалитетна академска атмосфера и претставуваше значајна научна и културна средба што обедини академици од различни универзитети во Северна Македонија. Сепак, и покрај големото значење и широката посетеност на настанот беше забележливо ограниченото медиумско покривање.








