-
Создадено: Четврток, 26 Март 2026
Вториот ден од активностите на ACE²-EU во Штип донесе инспиративни дискусии и во полето на јазиците и културите.
Беше продлабочено разбирањето и унапредувањето на мултикултурализмот и мултијазичноста во рамките на Алијансата.
Со учесниците од деветте универзитети се дискутираше за теоретските основи на мултикултурализмот и мултијазичноста и конкретните активности кои ќе се реализираат во наредниот период.
Во рамките на програмата проф. д-р Даниела Коцева (ФОН) говореше за мултикултурализмот во контекст на студентската мобилност и ги претстави идните активности на тој план. Проф. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска (ФФ) ја анализираше состојбата со мултијазичноста во Европа, причините за нејзина појава и придобивки од истата. Проф. д-р Ева Ѓорѓиевска (ФФ) ја презентираше иницијативата на Универзитетот од Гдањск за формирање на „јазични тандеми“, која започнува следниот месец и преку која ќе се изучуваат јазиците на Алијансата (македонски, литвански, латвиски, полски, романски, германски, шпански и португалски јазик).
Беше одржана и интерактивна работилница, каде што преку анкети, дебати и квизови се отворија нови идеи за промоција на мултикултурализмот и мултијазичноста, се поттикна активно учество на студентите, професорите и администрацијата.
Преку колаборативни сесии, учесниците споделија повратни информации и најдобри практики, кокреираа решенија за идните иницијативи на ACE²-EU.
Ден исполнет со идеи, соработка и иновации, што ја зајакнува заедничката посветеност кон подобрување на мобилноста низ Европа.
Програмата продолжува со вмрежување и културни активности, дополнително зацврстувајќи ги врските во ACE²-EU заедницата.



