-
Создадено: Четврток, 09 Април 2026
Како продолжение на соработката со проф. д-р Даница Јеротијевиќ-Тишма од Универзитетот во Крагуевац, која беше гостин-предавач во претходната година во рамки на Еразмус+ размена на кадар, на 27 март 2026 г. во 18 часот, преку Google Meet, беше одржана заедничка онлајн активност помеѓу студенти од Катедрата за англиски јазик и книжевност од Универзитетот „Гоце Делчев“ под менторство на проф. д-р Натка Јанкова-Алаѓозовска и студенти од Филолошко-уметничкиот факултет при Универзитетот Крагуевац на Катедрата за англиски јазик и книжевност, менторирани од проф. д-р Тишма.
Сесијата започна со вовед од 10–15 минути, по што студентите беа поделени во 4 групи од мешани земји (по 4–6 студенти). Секоја група доби свој Google Meet линк и работеше заедно за да одговори на сет од однапред планирани прашања за англискиот изговор и акцент.
Aктивноста заврши со финална групна дискусија за тоа дали искуството ја променило перцепцијата на студентите за нивниот англиски изговор и акцент. Оваа заедничка активност обезбеди привлечен и интерактивен начин за студентите од двата универзитета да го истражат англискиот изговор и акценти. Работејќи во групи од мешани земји, преземајќи специфични улоги и дискутирајќи интересни прашања, учесниците ја зајакнаа и јазичната свест и интеркултурните комуникациски вештини. Последната рефлексија ги охрабри студентите да го преиспитаат својот изговор и акцент, правејќи ја активноста и едукативна и значајна за секој од нив.



