-
Создадено: Вторник, 21 Април 2026
Во периодот од 16 до 19 април 2026 година, претставници од Филолошки факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип и од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово учествуваа на научна средба и работна посета на Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен, СР Германија, со цел изведување на активностите и резултатите од проектот „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата - од научни концепти до практична реализација“.
На работниот состанок беше претставен Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип како носител на проектот и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово како партнер институција во проектот. Се претстави основната рамка на истражување, како и методите и начинот на собирање и обработка на анализираниот материјал во проектот. На научната средба присуствуваа претставници од двата универзитети и членовите од работните групи (англиски и германски јазик) и претставниците од двете катедри го објаснија своето учество и активностите во проектот. Се иницираше заедничка соработка за младите колеги (магистранди/докторанди) за научноистражувачки престој на минхенскиот универзитет, можностите за развој на Еразмус+ програмата за академска размена и се претстави поканата од минхенскиот универзитет за учество во нивни проект на тема усвојување на странски јазик.
Посетата помина во позитивна и пријателска атмосфера и е можност за афирмација на проектот, на Филолошкиот факултет и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во европски рамки и пошироко.







