Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет организираше работилница „English Through the Ages“, со Фулбрајт стипендистот Џереми Каман.

Овој настан беше во знак на одбележување на Денот на англискиот јазик, 23 април, но истовремено и ден кога е роден и кога починал Вилијам Шекспир.

- Одлучивме да направиме еден официјален настан со нашиот Фулбрајт стипендист Џереми Каман, кој ни помагаше во наставата во претходниот семестар. Денешната работилница со студентите е поврзана, покрај со англискиот јазик, и со денот на раѓањето и на смртта на Вилијам Шекспир. Одлучивме да зборуваме за еволуцијата на дијалектите во англискиот јазик. Имаме интерес од студентите за изучување на англискиот јазик, иако сметаат дека веќе го научиле, а сепак им треба теоретско потковување кое секако можат да го добијат кај нас, на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет на УГД. Задоволни сме од интересот на студентите за ваквите работилници, секако и за оваа. Станува збор за Фулбрајт стипендист кој е нативен говорител, кој е роден во САД, имаше многу интересни часови со него и затоа одлучивме дека е важно да направиме нешто надвор од наставата, што се покажа како исклучително интересно за студентите, интерактивно, не класично предавање – изјави проф. д-р Натка Јанкова-Алаѓозовска од Катедрата за англиски јазик и книжевност.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.