-
Создадено: Четврток, 05 Април 2018
Јазикот и неговата комуникациска моќ е насловот на настанот организиран од страна на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип со кој, меѓу другото, се одбележува јубилејната десетгодишнина од постоењето на Факултетот.
Филолошкиот факултет успеа на едно место, во Мултимедијалниот центар при УГД, да ги соедини љубителите на јазикот од 17 до 77 години и им понуди незаборавни педесетина минути посветени на моќта на јазикот. Се приреди неверојатна јазична гозба со глума, музика, цитати и изложба на цртежи од средношколците учесници на конкурсот при што се потенцираше моќта на јазикот.
Воодушевува интересот на средношколците за наградниот Конкурс организиран од Филолошкиот факултет при УГД на чија адреса пристигнаа околу 140 есеи по македонски јазик, околу 50-тина на странските јазици (англиски, германски, италијански, француски, турски, руски и шпански јазик) и околу 60-тина цртежи. Интересен е фактот што овој Конкурс го поддржаа средношколците од цела Македонија.
Благодарност и пофалби за сите учесници средношколци и нивните ментори, како и до директорите на средните училишта до кои беше проследен Конкурсот. Целиот настан беше пренесуван во живо, а може да се најде на профилот на Универзитетското радио.
Наградени учесници средношколци и нивните ментори:
ЕСЕЈ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
- Прва награда во износ од 6.000 денари: Мила Стојанов, ментор Снежана Пијанманова, СОУ „Јане Сандански“ – Струмица;
- Втора награда во износ од 4.000 денари: Цветанка Мисајловска, ментор Билјана Атанасовска, СОУ „Гостивар“ – Гостивар;
- Трета награда во износ од 2.000 денари: Верица Илиева, ментор Мики Делев, СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.
ЕСЕЈ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК
- Прва награда во износ од 6.000 денари: Сара Спасова, ментор Лили Георгиева, СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш;
- Втора награда во износ од 4.000 денари: Сара Мираковска, ментор Сузана Арсовска, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип;
- Трета награда во износ од 2.000 денари: Зорица Русева, ментор Александра Минкова, СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.
ЦРТЕЖ
- Прва награда во износ од 6.000 денари: Дејвид Драгевски, ментор Маја Вељковиќ, СОУ „Перо Наков“ – Куманово;
- Втора награда во износ од 4.000 денари: Ивана Пенчова, ментор Кирил Казанџиски, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип;
- Трета награда во износ од 2.000 денари: Љупка Коцева, без ментор, СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.