Филолошкиот факултет при  Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во рамките на програмата „Еразмус плус“ е домаќин на уште еден професор од Бугарија. Во рамките на воспоставената соработка со Универзитетот во Велико Трново, во еднонеделен престој на Филолошкиот факултет престојуваше проф. д-р Вања Ангелова.

- Во рамките на престојот беше промовирана нејзината книга поезија „Хераклеја Линкестис“, која ја промовираше проф. д-р  Луси Караниколова-Чочоровска , раководител на Катедрата за македонски јазик и книжевност, а професорката Ангелова одржа и предавање од областа на историската лингвистика пред студентите на Филолошкиот факултет. Предавањето беше интересно и инспиративно – изјави проф. д-р Виолета Димова.

Промотор на книгата поезија „Хераклеја линкестис“ од проф.д-р Вања Ангелова“ беше проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска, според која станува збор за стихозбирка која се состои од 56 песни групирани во три циклуса, во која на еден епски начин се третира македонска и македонистичка проблематика и тематика.

- Во првиот циклус станува збор за хронотопско лоцирање на оваа поезија во Македонија, односно во градот Хераклеја Линкестис, основан од Филип Втори Македонски. Понатаму во вториот дел се опева митското македонско минато, а во третиот циклус за третман на македонските династии. Она што е специфично за стиховите од оваа поезија е доминацијата на метафората на каменот, во рецензијата под наслов „Хераклеја Линкестис или за древноста, стаменоста, човечноста и бесконечноста“  може да се каже дека доминација има симболот на каменот, токму како цврстина, истрајност, вечно траење, и тоа се поврзува со самата природа на поетесата. Целата оваа поезија изобилува со длабока човечност, пред сѐ женскост, со една епска нарација во која се присутни и лирски моменти и нешто што според нашето видување ќе ѝ обезбеди трајност и во македонската поезија (книгата е веќе преведена на македонски), но и во историјата на современата бугарска поезија.

Професорката Вања Ангелова изрази задоволство од престојот на УГД:

- Многу сум среќна што сум на овој универзитет, затоа што овде најдов не само прекрасни колеги туку и прекрасни пријатели, и мислам дека во иднина ќе работиме и преку програмата „Еразмус плус“, но и на други проекти, како билатерални така и ЕУ проекти. Имаме исклучително многу добра основа за плодна соработка помеѓу двата универзитета, затоа што се пронајдовме во многу теми и работиме во блиска тематика и мислам дека ќе направиме многу заедно во иднина.

 

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.