-
Создадено: Вторник, 13 Ноември 2018
Работилницата за превод со студентите на Филолошкиот факултет при УГД - Штип со гостинот предавач проф. Бенјамин Лангер успешно заврши на задоволство на студентите од Катедрата за германски јазик и книжевност, кои се стекнаа со практични знаења од областа на преведувањето низ призмата на пречките и предизвиците со кои се сретнал проф. Лангер при преведувањето на романот „ПИРЕЈ“ од Петре М. Андреевски.
Деканката доц. д-р Драгана Кузмановска најави продлабочена соработка со проф. Лангер и со Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка. Во оваа пригода Филолошкиот факултет доби благодарница за остварената соработка и примерок од преведениот роман „ПИРЕЈ“.
Работилницата за превод